Одбојкарите на Штип УГД го добија големото дерби на домашното одбојкарско првенство на гостински терен во Струмица, победувајќи го шампионот со 2:3 и нанесувајќи му го првиот сезонски пораз на струмичкиот состав. Избраниците на тренерот Кристијан Ристески одиграа одличен меч, имаа повеќе нерви во завршницата и на крајот заслужено и се израдуваа на победата и двата освоени бода. Мала сенка на мечот остави повредата на репрезентативецот Филип Маџунков, кој го повреди коленото при еден доскок во четвртиот сет.
И покрај поразот Струмица останува лидер на табелата, но овие два тима кон средината на март ги чека уште една меѓусебна пресметка пред да се финализира изгледот на табелата и конечните патници во разигрувањето за титулата.
Во ова коло Работнички одигра уште еден одличен меч и ја „збриша“ Шкендија со 3:0, додека ГОК Борец ја доби драмата во пет сета со Универзитет во Тетово.
Еден од мечевите во плеј-аут групата беше прекинат. Имено мечот во Пробиштип меѓу Весна Пробиштип и Скопје бил прекинат при водство на гостите од 0:1, откако домашните незадоволни од судењето го напуштиле мечот.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ
ВТОРА ФАЗА 1 – 2 КОЛО
Работнички 71&22 – Шкендија 3:0 (25:21, 25:11, 25:15)
Универзитет во Тетово – ГОК Борец 2:3 (17:25, 25:19, 25:21, 14:25, 13:15)
Струмица – Штип УГД 2:3 (25:21, 17:25, 25:22, 16:25, 8:15)
ТАБЕЛА (ПЛЕЈ-ОФ): 1. Струмица (40), 2. Штип УГД (38), 3. ГОК Борец (34), 4. Работнички 71&22 (26), 5. Шкендија (25), 6. Универзитет во Тетово (25).
ВТОРА ФАЗА 2 – 2 КОЛО
Весна Пробиштип – Скопје 0:1 (прекината)
Јанта Волеј – Македонија Џио 3:2 (25:15, 25:22м 24:26, 23:25, 15:6)
Вардар – Лирија 0:3 (8:25, 17:25, 24:26)
ТАБЕЛА (ПЛЕЈ-АУТ): 1. Лирија (21), 2. Вардар 1947 (15), 3. Сушево (11), 4. Весна Пробиштип (10), 5. Скопје (9), 5. Македонија Џио (10),7. Јанта Волеј (3).