И покрај болниот пораз,„Комити“ скандираа: Јака Малус!

247

Вечерва во салата “Јане Сандански“ во Скопје во фантастична атмосфера, Вардар сепак на успеа да дојде до победа. На крајот Нант со многу среќа дојде до победата од 32:33. Јака Малус долго ќе се сеќава на овој меч. Иако беше трагичар сепак поддршката дојде од трибините. Сите фанови после мечот го скандираа името на Јака Малус, кој можеше да го реши мечот, имаше три шанси, но не искористи ниту една. На крајот Вардар не само што не успеа да извлече реми, туку и беше поразен.

Вардар се сака и кога губи, тоа е најважната порака вечерва, македонскиот првак после четири години се врати во Лигата на шампиони.

Убедени сме дека со ваква атмосфера, Вардар на следните мечеви резултатски ќе биде подобар.

ПретходноШтета: Францускиот гигант од пораз до среќна победа во скопскиот пекол (ФОТО)
СледноЧупиќ: Ова беше навистина луд меч!