Синоќа, поради супер настанот во Њу Орлеанс, каде се одигра 59.Супербоул, се одиграа само три средби од НБА лигата.
Секако дека интересно беше да се види што може Милвоки без повредениот Јанис Адетокунпо. Но затоа беше тука Демиан Лилард кој со 43 поени блескаше против Филаделфија и беше најзаслужен за победата проив Филаделфија. Макси на другата страна дојде до 39 поени, во меч кој на крајот заврши со резултат 135:127. Нешто што е вообичаено во последно време во НБА кога се мисли само на нападот инсистирање на шутеви на три поени.
На останатите два меча, Детроит со 112:102 славеше против Шарлот, а Хјустон беше подобар од Торонто со 94:87.