Предмалку стигна официјално соопштение од страна на ФК Вардар во кое се вели дека клубот и официјално не е повеќе блокиран од страна на државните институции. Поточно, сметката на клубот е одблокирана од страна нма УЈП, односно АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.
Ова е фантастична вест за сите навивачи на клубот, кој овој момент го чекаат со години. Вардар беше со статус кво ситуација поради блокираната сметка неколку години и тоа беше најголемата пречка се досега за консолидација на ФК Вардар.
Информацијата од ФК Вардар ви ја пренесуваме во целост.
„АД ФК Вардар од Скопје на овој начин ја информира заинтересираната спортска и општествена јавност дека продолжува со интензивна деблокада на сметката на клубот.
Во овој момент подигната е блокадата во вредност од три милиони евра (3.000.000 евра) што беше поставена од УЈП, и подигната е блокадата од двесте илјади евра (200.000 евра) што беше поставена од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.
Штетата и долговите што намерно или од незнаење ги имаат направено предходните управи, а немале капацитет, знаење и желба да го одглават клубот од ова финансиско ропство, актуелното раководство го решава во исклучително краток рок.
Долговите правени цела една декада, ќе бидат расчистени за период од 5 месеци од комплетното новото формално-правно менаџирање со Акционерското друштво.
Сите доверители, приватни лица или стопански субјекти, на кои ќе им бидат подмирени блокадите во целост, на веб страната на АД ФК Вардар ќе бидат поименично објавени со полно име и комплетна сума, за да може јавноста и навивачите да имаат јасна и прецизна слика за побарувачите и сумите.
Во меѓувреме сите тековни трошоци на клубот од летоска наваму се навремено и стонастотно исплатени“ – се вели во соопштението.
Со ова, се става крај на една голгота низ која што мина ФК Вардар сиот овој изминат период, но новата управа на клубот ете, најде сила, моќ, капацитет, и пред се пари за да го стори ова. Следуваат подобри денови за ФК Вардар и враќање на клубот онаму каде што му е местото. На врвот на фудбалот во Македонија.
https://fcvardar.com/vesti_head.html















