Познато е дека во сабота (22 март) со почеток во 15 часот, нашата најдобра фудбалска репрезентација ќе ги стартува квалификациите за СП 2026 на гости, и тоа во Вадуц каде играме со репрезентацијата на Лихтенштајн.
Како што нашиот селектор го објави списокот на играчи за овој меч, но и за оној со Велс кој се игра три дена подоцна, така и Конрад Фунфстук го презентираше списокот од 23 играчи за мечот со Македонија, но и за следниот со Казахстан.
Јасно е дека имињата на овој список ништо не ни значат, но исто така јасно е дека сега во овие времиња сите знаат да играат фудбал и не смее да има никакво потценување, па макар тоа бил и Лихтенштајн.
Ова е списокот на Лихтенштајн: