Лазаров: Европско полуфинале е голем успех! Не чека тежок меч!

139

Алкалоид продолжува со „пеколното“ темпо. Силни мечеви во плеј-офот и европски предизвик. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија после гостувањето во Охрид каде дојде до нова победа во плеј-офот, веќе се врти кон полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп, а таму во недела Кирил Лазаров и неговите момци го пречекуваат норвешки Рунар.

„Не очекува тежок меч против еден противник. Иако имавме доста тешки мечеви против квалитетни противници во нашата лига на гостински терен, го анализиравме Рунар и имаме доста информации. Станува збор за сериозна екипа, скандинавски стил кој не ни одговорал. Не очекуваат два тешки мечеви, во текот на сите 60 минути имаат страшен ритам, на секој меч постигнуваат околу 35 гола.

Пласман во полуфинале е голем успех особено ако се земе дека е остварен со млади играчи, со 90% македонски играчи. Се надевм дека ќе имаме сили да одиграме добар натпревар против тим со екстра добра одбрана и екстра добра транзиција.

За точно каков тим се работи збори и патот на Рунар до полуфиналето. Беше мнгу подобар од Целје, кој некогашен европски првак, Олимпијакос кој има еден голем буџет, Бешикташ, туриски тим кој инвестира во ракометот.

Немаме многу време подготовки, имаме неполни два тренинга, денеска играчите добија одмор, истиот го заслужија. Не можам да издвојам било кој од противникот, тие се поеднаво опасни. Треба да очекуваме да направат технички грешки, но не верувам дека ќе ги направат“, изјави Кирил Лазаров на прес-конференцијата, кој додаде дека ќе биде задоволен со било каква победа, па тоа макар да биде ден гол разлика. 

До полуфиналето Алкалоид дојде со седум победи и едмо реми. Самиот пламсан во полуфиналето е нов историски успех за младиот тим од Алкалоид.

Претходно“Бомба“: Јирген Клоп на клупата на Реал Мадрид?!
СледноОфицијално: Ван Дајк во Ливерпул до 2027! (ФОТО+ВИДЕО)