Мбапе повторно исвиркан на „Сантијаго Бернабеу“

590
Фото: ФЦ Реал Мадрид/Твитер

Килијан Мбапе повторно беше исвиркан од навивачите на Реал Мадрид. Францускиот напаѓач беше на трибините на „Сантијаго Бернабеу“ за мечот со Атлетик Билбао (1:0) бидејќи е суспендиран поради црвениот картон добиен на мечот со Алавес во претходното коло.

Мбапе се смести во ложата, но веројатно зажали. Кога во еден момент се појави на екраните на стадионот, мала група навивачи на Реал го исвиркаа, а на самиот играч му беше незгодно.

Потсетуваме дека по елиминацијата на Арсенал од Лигата на шампионите минатата недела, публиката го исвирка Мбапе.

На крајот, се заврши добро во неделата вечерта со победнички гол на Федерико Валверде, кој бурно го прослави и Мбапе. Французинот беше суспендиран само на еден натпревар, поради што ќе биде на располагање оваа среда на гостувањето кај Гетафе во меѓуколо во Ла Лига. Во сабота се игра финалето на Купот на Шпанија против Барселона.

 

ПретходноХаос во ложата на Реал: Валверде го дигна на нозе Новак Ѓоковиќ (ВИДЕО)
СледноАртета за повредата на Букајо Сака: Не беше намерно, но беше доста опасно!