КФСМ со соопштение: Комплетирана е исплатата на официјалните лица!

119

Она што беше проблем во изнинатиот период, се чини дека истиот е надминат. Познато е дека поради долгови кон официјалните лица, не се играа натпревари во мак – кошарката.

Денеска од КФСМ, која пред неколку дена доби ново раководство на чело со Томица Главчев, искочија со соопштение кое ви го пренесуваме во целост:

Кошаркарската Федерација денеска ја комплетираше исплатата на официјалните лица на кошаркарски натпревари, судии и делегати, во рамки на сите натпреварувања организирани од КФСМ.

Воедно, Кошаркарската Федерација сака да им се заблагодари на сите инволвирани за трпението и се надева дека во иднина нема да бидеме сведоци на вакви непријатни ситуации“

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Мато “ЛЕТАШЕ“ на Чаир!
СледноТри македонски и пет странски екипи дел од турнирот „Крсте Андоновски“