Голема, голема победа на Вардар на Чаир со 0:2 и тоа по цели шест години. Нашиот најтрофеен клуб во саботата по пауза од шест години успеа да се израдува на победа над лутиот ривал и со тоа да покаже дека оваа пролет е “главен“ во Скопје, ако се знае дека пред неколку кола го победи Работнички.
Стрелец на првиот гол беше Мато Роџерс кој во последните секунди од продолжението на првото полувреме постигна прекрасен гол за да потоа во само нему својствен стил го прослави истиот.
Од фотографијата се гледа како репрезентативецот на Уганда просто “ЛЕТНА“ по тој гол за водство од 0:1.















