Македонија вечерва го одигра второто реми на домашен терен во овие квалификации. По она со Велс, вечерва во Скопје на победа не се радуваше ниту Белгија со која што одигравме 1:1.
Со фантастичниот гол на Алиоски, Македонија израмни во последните моменти од мечот, и го освои петтиот бод во оваа кампања.
„Честитки за играчите за она што го прикажаа вечерва. Благодарност до сите оние кои беа вечерва и ни дадоа голема поддршка. Не жалам за ништо ниту за шансите. Се додека функционираме како тим, ќе изгледаме добро. Ние сега мораме да го оставиме овој меч зад нас, затоа што за два дена ни претстои дуелот со Казахстан.
Кога имате пред себе еден противник како Белгија, која е фаворит во групата. Која е составена од играчи кои се најдобрите во светот. Секако дека е задоволство да се види како изгледаше Македонија вечерва. Не можам, а да не бидам задоволен од прикажаното. Нема да ни значи ништо од ова, ако не направиме ништо со Казахстан. Максимална концентрација за она што следува. Не размилувам сега за она што се случувало, не размислуваме за оние два бода против Велс. Размислуваме само на она што следува, а тоа е мечот со Казахстан. Уште во соблекувалната реков… концентрација на Казахстан. Голот на Алиоски е феноменален…. “ – рече селекторот Милевски.










