Еден ден по одлуката на ЕХФ, шампионската титула во ЕХФ Европскиот Куп да му ја додели на Алкалоид, тимот од Автокоманда го игра последниот натпревар на домашен терен.
Кирил Лазаров и неговите момци го пречекуваат ГРК Охрид во меч од деветото коло во плеј-офот. Ова ќе биде одлична шанса за фановите на Алкалоид да ги поздрават шампионите и да им дадат поддршка против охриѓани за победнички крај на домашен терен. Мечот е закажан со почеток во 18 часот.
До крајот на сезоната новиот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп ќе има уште еден меч против Бутел Скопје на гости.
Алкалоид е трет на табелата зад Пелистер и Вардар, има 11 бода, шест повеќе од охриѓани.










