Денеска и официјално стартува новата 34-та сезона во нашата елитна фудбалска лига. Почнува со две дербија, она во Скопје од 20 часот на Арената каде што Вардар го дочекува Пелистер во уште едно “Дерби на Македонија“ и дербито меѓу Шкендија и Шкупи под Шара од 17 часот.
Секако дека во преден план е дуелот меѓу вечните ривали, меѓу клубовите кои и овојпат ќе ја имаат поддршката од своите фанови од трибините.
Сосема е јасно е дека нашиот најтрофеен клуб е фаворит. Има подобар тим, има шампионски амбиции, игра дома, знае како треба.
Од друга страна кога играат Вардар и Пелистер не така ретко резултатот бил далеку од очекувањата и прогнозите. И затоа не смее да им се одземе надежта на битолчани за да дојдат барем до бод.
А дека ќе биде спектакл, тука нема дилеми. Петок навечер, добра посета, се игра под рефлектори, два големи тима, не ти треба ништо повеќе од едно фудбалска уживање за старт на сезоната 2025/26.
Сепак фактички сезоната почнуцва под Шара ако се знае дека од 17 часот денеска играат Шкендија и Шкупи. И овој меч, како тој во Скопје е меч од висок ризик. И тука се знае кој е фаворит и тоа голем. И се освен убедлива победа на шампионот ќе биде голема сензација.
Сепак ова треба да се сфати со задршка ако се знае дека клубот од Тетово веќе во вторник го чека тешко гостување во Баку.















