
Формула 1 тимот на Мерцедес одлучи кои возачи ќе седнат во неговите болиди и следната сезона.
Тоа се Џорд Расел и Кими Антонели. Расел во тековнава сезона одлично се држи, веќе победи на две трки и во моментов е четврти во генералниот пласман.
Британецот изјави на оваа тема дека е исклучително горд што му е дадена ваква шанса и што едноставно ги оправдал очекувањата.
Антонели пак, човекот кој што во Мерцедес на стартот на сезоната го замени Луис Хамилтон, наведе дека е исклучително возбуден што и натаму има место за него во тимот, и дека откако е во Мерцедес научил многу нешта и стекнал доста искуство.