Атанасовски: Играњето за Македонија е привилегија, а ние можеме да се надигруваме со секого

320

Македонската фудбалска репрезентација до 19. години со почеток од 15:00 часот, го игра првиот дуел од квалификацискиот турнир кој што се одржува во Португалија. Нашиот национален тим ќе се судри со силната Белгија која што е еден од фаворите во групата, заедно со домаќинот.

Нашиот национален тим има многу мотиви и инспирација за да на највисоко можно ниво го одигра овој турнир. Добро се работеше периодов, последно оваа генерација беше на двомеч во Црна Гора, каде што се направија финалните анализи и подготовки. За жал, овојпат сме без Горазд Ристовски, играчот на Црвена Звезда, но и без него ќе бидеме секако конкурентни.

„Секако дека сме подготвени за она што следува. Играњето за националниот дрес секогаш е голема привилегија и одговорност. Имаме добра генерација, добро се подготвуваме, како сега така и на изминатите неколку пријателски средби. Противниците се квалитетни но сметам дека можеме да се надигруваме со секого“ – ни изјави Лука Атанасковски пред утрешниот дуел во Гимараеш.

 

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Бледи Шкемби (Струга ТЛ)
СледноРистовски најави три големи проекти на Министерството за спорт до крајот на годината