Македонската фудбалска репрезентација в четврток, на 13 ноември ќе го одигра пријателскиот натпревар против соодеватната селекција на Летонија на Арената Тодор Проески во Скопје.
Дуелот кој инаку ќе стартува од 18:00 часот, ќе мора да го одиграме без стандардниот Јани Атанасов, кој што почувствува болки во коленото.
Сепак, информациите велат дека не се работи за ништо страшно и дека играчот за врска најверојатно ќе биде подготвен за дуелот од Мундијалските квалификации против Велс на 18 ноември.
Останатите од ростерот на селекторот Благоја Милевски денеска го одработија тренингот. Треба да се напомене дека Елиф Елмас е пристигнат во националниот табор но дека ќе го одработи утрешниот тренинг.










