Голем успех за нашите млади таеквондисти на пионерското ЕП во Атина.
Бронза за Давид Петковски во категоријата до 36.кг. Тој прво со 2:1 го победи Толис Константинос од Грција. Следуваше триумф против Богдан Лимаренко од Полска со 2:0. Во 1/8 финалето победа против Флоудас Димитиос од Грција со 2:0, следуваше победа против Роидис Ѓорѓиос од Грција со 2:0 во 1/4 финалето и пораз во полуфиналето од Умуд Шабазов од Азербејџан.
Бојана Велковска освои бронза кај пионерките во апсолутна категорија.
Таа во полуфиналето беше поразена од таеквондистката која подоцна дојде и до титулата.










