“Јас да бев на местото на Миовски ќе полудев од лутина“!

2948
фото: rossco1972. (X)

Иако се очекуваше дека со враќањето во Шкотска, а сега во Глазгов Ренџерс, нашиот Бојан Миовски ќе има поголема минутажа, ќе ги тресе мрежите како од шега како што тоа го правеше за Абердин, сепак не е така. Македонскиот напаѓач не добива така голема минутажа, а и кога ќе биде стартер не му се дава шанса да го одигра целиот натпревар.

Така беше и на последниот меч на Ренџерс, кога Миовски беше стартер, ама беше изваден од игра набргу во второто полувреме.

За ова, како и за самиот Миовски, за одлуката на тренерот Дени Рол, некогашниот шкотски напаѓач Крис Бојд имаше што да каже за тамошните медиуми:

Јас да бев на местото на Миовски, апсолутно би полудел од лутина. Немаше најдобар настап, но како напаѓач фрустрира кога гледаш дека друг кој не ја користи шансата, во овој случај Чермити, добива повеќе минути. Миовски доби само 45 минути, а секој напаѓач сака да одигра барем 60-70 минути, тогаш одбраните повеќе се отвораат и вие добивате повеќе шанса. Така влегуаш во  форма. Со овие 45 минути и тука-таму на другите натпревари, Миовски нема да влезе во форма“.

Секако дека Бојд е во право.

 

ПретходноВембањама е чудо, еве како се шутираат тројки! (ВИДЕО)
СледноЛука Модриќ останува во Милан и следната сезона?!