Пораз на Шкендија од Дрита во Приштина (ВИДЕО)

0

Македонскиот фудбалски шампион, тимот на Шкендија вечерва на гостувањето кај Дрита во Приштина, во рамките од новото коло од Лигата на Конференции загуби со минимални 1:0. Тетовци се покажаа во добро светло, не беа надиграни, и загубија само затоа што во една ситуација, одбраната не реагираше како што треба. Во се останато, Шкендија не само што не беше полош противник вечерва, напротив, беше подобар. Поточно, Дрита не беше подобра во ништо друго освен во тој еден постигнат гол. Токму така. Фудбалот се игра за голови, а вечерва Дрита го постигна, а Шкендија не.
Нашиот претставник може да жали што пропушти шанса да освои уште некој бод во оваа за него екстра успешна сезона во натпреварување во кое реално рамноправно се носи со речиси сите ривали.

Манај ја користи грешката на Шкендија

Првиот дел од дуелот го одбележа водството на домаќинот кое што се случи во 21. Минута. Слободниот удар кој поблиску беше до средината на теренот отколку до голот на Шкендија беше изведен, и топката замина во срцето на шеснаесетникот. Лоша реакција на одбраната на Шкендија која што не успеа да расчисти нафрлена топка која што одеше во воздух добри триесетина метри. Наместо тоа, Фетаи лошо ја зафати топката со глава, која што не замина далеку туку падна на ногата на Манај, а овој со полуволеј некако ја зафати и таа одседна во мрежата на Шкендија.

Шкендија во ниту еден момент од дуелот не беше во подредена ситуација, па ниту по примениот гол. Напротив. Нашиот шампион на овој дуел имаше контрола врз топката, и врз играта воопшто во сите деведесет минути. Спахиу се обиде со удар, Рамадани исто така но неговите два беа изблокирани.

Љатифи погоди греда од слободен удар

Ниту продолжението од мечот не донесе нешто поинакво на дуелот во Приштина. Двата тима тотално изедначени, во поле никој нема доминација, шанси нема ниту за лек. Прв кој  посериозно се закани беше Љатифи кој што од слободен удар одлично шутираше и ја погоди гредата од голот на Дрита. Тоа се случи во 60. Минута од мечот.

Во 68. Минута многу сличен удар како оној на Љатифи од пред тоа, упати Решад Рамадани, но ударот на нашиот репрезентативец бза малку непрецизен и над гредата.

Прекинот на Ибраими нова опасност за голот на Дрита

Таа позиција лево од голот на Дрита за Шкендија во второто полувреме како да беше омилена, па и во 80. Минута токму од таму стигна новата опасност за домашниот гол. Бесарт Ибраими одлично изведе еден слободен удар, кој директно одеше во голот на Дрита, но присебен, одлично интервенира и избива во корнерот домашниот чувар Малоку.

Гаје спасува двојно водство на домаќинот

Во судиското продолжение од мечот Алмир Алзерај ја имаше најголемата шанса за домашните на овој меч кога прими една одлична топка одкосо во шеснаесетникот на Шкендија, биеше силно но Гаје беше на вистинското место.

Дрита – Шкендија 1:0 (1:0)

Стадион Фадил Вокри во Приштина

Стрелци: Манај 21 (Д)

Ж.картони: Соумахоро (Д) Красниќи, Рамадани, Алхасан (Ш)

Дрита: Малоку, Красниќи, Бејтулаи, Пелумби, Овоука, Броја (Соумахоро 56), Ајзерај, Лимај, Дабиџај, Шеји, Манај (Красниќи 59)

Шкендија: Гаје, Вебстер, Цаке, Фетаи, Трумци, Алхасан (Зејнулаи 580, Рамадани, Латифи, Красниќи (Ибраими 58), Спахиу, Тамба

 

ПретходноЗарем е можно: Брутална тепачка и 17 црвени картони! (ВИДЕО)