Браќата Рамадани испишуваат историја со Шкендија

1102

Македонскиот шампион, тимот на Шкендија, синоќа на Арената Тодор Проески во Скопје ја остварија втората победа во овогодинешната групна фаза од Лигата на Конференции.

По Шелбурн во Скопје падна и тимот на Слован Братислава исклучително сериозен состав кој што лани беше дел од Лигата на Шампионите.

Убаво кажа тренерот на Слован по мечот синоќа кои неговите момци го загубија со 2:0.

„Во тимот на Шкендија има мажи, а во мојот очигледно не… некои треба да се замисли“….

Браќата Решат и Флорент Рамадани се движечката сила на тимот на Шкендија. Деца на клубот, и тоа како знаат колку тежи дресот на овој клуб. Затоа и се среќни што испишуваат златни страници од неговата историја.

 

ПретходноКФСМ го враќа „All Star“ натпреварот во својот календар
СледноДетонит со триумф над Скопје ја заокружи есенската полусезона во ВМФЛ