Иво Марковски двоен стрелец во триумфот на Македонија против Црна Гора

568

Македонскиот национален тим до 18. години го одигра вториот контролен дуел против соодветната селекција на Црна Гора. Во Струмица предмалку избраниците на селекторот Димитар Капинковски обезбедија победа од 2:1.

Стрелец на двата гола беше играчот на Вардар, Иво Марковски, кој што најпрво погоди во првото полувреме. Изби по десната страна се обиде да нафрли, а со помош на стоперот на црногорците топката влезе во голот.

Противникот израмни пред полувреме, но Марковски повторно во елемент на стартот на вториот дел.
Одлично проигран во празно, напаѓачот на Вардар се најде сам пред голот на Црна Гора и рутински реализираше за 2:1.

 

ПретходноСО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР” ВО МОБ
СледноКомисијата ја започна финалната фаза за избор на нов селектор на македонската А репрезентацијата