Македонскиот таеквондист Филип Блажевски со три победи освои бронзен медал на официјално европско првенство за натпреварувачи до 21 година кое се одржува во Тирана.
Во категоријата -80кг, репрезентативецот од РК Бутел, во првата борба обезбеди победа над Манита Александру од Молдавија – рунди (2:0)(14:2)/(5:0), во втората беше подобар од Украинецот Јефимов Александар – рунди (2:0)(14:4)/(13:1), а во третата борба за за медал победи над Бари Ајман од Франција – рунди 2:1 (3:3)(5:5)(16:4) .
Четврта борба која можеше да значи борба за злато, Блажевски ја загуби од Хрватот и светскиот шампион, Оскар Ковачиќ со 2:0.










