Вардар финишираше со пораз од Алашкерт

648

Тимот на Вардар предмалку го одигра и последниот пријателски меч на подготовките во Сиде, Турција. Забележан е пораз од 3:0 против тимот на Алашкерт од Ерменија.

Двата гола тимот од ерменскиот шампионат ги постигна во првото полувреме, а во продoжението ги постави и конечните 3:0.

Вардар со ова ја завршува серијата на пријателски мечеви во Турција, и утре се враќа дома.

За „црвено – црните“ на овој меч се појави и Дарко Велковски, најновото засилување за Вардар во овој преоден рок.

 

ПретходноМакедонија за првпат во историјата со четворица олимпијци на ЗОИ
СледноДиме Димов е нов играч на Билис