Кавадарчани славеа против МКК Куманово

114

Кошаркарите на Тиквеш ја совладаа екипата на МКК Куманово со 92:86 во вечерашниот натпревар од македонската Суперлига.

Силите на теренот, во текот на целиот натпревар, беа израмнети. Гостинскиот тим ја доби првата четвртина со само еден кош разлика, но веќе во вториот период Тиквеш ја презеде иницијативата и на полувреме замина со водство од 48:39.

Во третата четвртина Тиквеш продолжи со одличната игра и малку по малку ја зголемуваше разликата, која во еден момент достигна и 14 поени. До крајот на натпреварот гостинските кошаркари успеаја да ја намалат разликата, но не стигнаа до целосен пресврт.

Кај домашниот тим најефикасен беше Глигоријевиќ со 20 поени, а кај гостите се истакна Радукиќ исто така со 20 поени.

Со овој триумф Тиквеш се искачи на 7-мото место и се изедначи со екипата на Куманово која е на 6-тата позиција.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу (Арсими)
СледноЛина Ѓорческа поразена на првиот натпревар по враќањето од повредата