Алкалоид и Вардар ги прегазија Бутел и Тиквеш

212

Ракометарите на Алкалоид и Вардар остварија очекувани, но и крајно убедливи победи во мечевите од 4. коло во плеј-офот во домашниот суперлигашки шампионат. Алкалоид ги освои бодовите победувајќи против Бутел на гости со 21:37, а победа оствари и лидерот Вардар, кој го прегази Тиквеш во Кавадарци со 24:35.

Ако во Скопје на мечот меѓу Бутел и Алкалоид во првиот дел беше и неизвесно, со оглед на минималната предност на гостите од 15:16, во Кавадарци Вардар направи голема предност уште по првите 30 минути (11:17).

Извонредно издание кај Алкалоид денеска имаа Џонов со 8 и Ненад Костески со 7 гола. На дуелот во Кавардарци, во редовите на лидерот Вардар најефикасен беше Митровиќ кој постигна 8 гола, додека Воркапиќ застана на 7 погодока.

ПретходноСлот: Со ваква игра не знам како ќе биде против ПСЖ
СледноГРК Охрид испиша нова историја, ќе игра полуфинале во ЕХФ Европскиот Куп