Вардар со пет гола во мрежата на Македонија ЃП (ВИДЕО)

192

Екипата на Вардар остана лидер на прволигашката конкуренција, овојпат со три бода предност, откако денеска на Арената Тодор Проески во Скопје успеа да слави со високи и убедливи 5:1 против градскиот ривал Македонија ЃП.

Двојно водство на полувреме

Стартот на мечот како впрочем поголемиот дел од него мина во доминација на Вардар. Закариќ, Кастенада и Матиќ промашија зицер ситуации за водство, пред Торес во 31. минута да шутира, Јанков да одрани, а отпадокот го дочека Дарко Велковски за 1:0.

Непромислените два едноподруго жолти картони на Кабаркас, го остави МЃП со десет играчи рано во дуелот, за да потоа Диего Кастенада со соло пробив и удар од десно зголеми на 2:0 пред полувреме во 42. минута.

Торес и Николов во листата на стрелците

Во продолжението на мечот, Али Адем имаше во 53. минута шанса за да намали на 2:1, но неговиот излез во ситуација „еден на еден“ со Давор Талески замина во полза на голманот на Вардар.

Аргентинецот Торес тоа го казнува со гол во 61. минута на добрата акција од лево, за да Бобан Николов по одличната топка смирена на гради со полуволеј удар погодува во 69. минута за 4:0.

Иван Галевски во 71. минута намали на 4:1, користејќи една грешка на потесната одбрана на домаќинот.

Торес го мина „пола Ѓорче“ и погоди за 5:1

Во 75. минута беше постигнат еден од најубавите голови во последно време виден на Арената. Торес мина неколкумина играчи на Македонија ЃП, излезе сам пред Јанков и во голем стил го „легна“ и него и погоди за „петарда“ во голот на гостите.

 

ПретходноЈанис за војната со клубот: Не знам што ќе се случи…
СледноДури сега ќе е „брканица“ во ВМФЛ: Брегалница со три бода на Автокоманда (ВИДЕО)