Екипата на Македонија ЃП денеска во рамките од новото 27. Коло од ПМФЛ шампионатот оди на гостување кај Брера во Струмица „Лавовите“ пролетва водат гола прволигашка битка за спас, и тоа не е никаква тајна. Со 23 бодови на контото во моментов тимот се на претпоследната позиција на табелата, но далеку од тоа дека се е готово за некогашниот шампион и освојувач на Купот на Македонија. МЃП има задача да освои што е можно повеќе бодови во следните седум кола и да чека поволен развој на настаните од дуелите каде што играат директните ривали.
„Никој не помислува на откажување, напротив. Ние сме Македонија ЃП. Се додека има шанса за опстанок на тимот ние ќе се бориме до послендиот атом на силите. Напротив, мотивацијата и желбата за такво нешто не ни е намалена. Одиме против Брера како еден од конурентите на табелата да одиграме на високо ниво и да освоиме бодови. За нас секој нареден меч е да се биде или не и така треба да се однесуваме“ – вели Марио Ричков. Дуелот во Струмица започнува од 15:30 часот.















