Пелистер најави и оствари, успеа да му се реваншира на Кожув. Битолчани на гостински терен славеа против гевгеличани со 85-95 во второто коло од Топ 6 во Супер-лигата. Со новите бодови Пелистер остана на третата позиција на табелата.
Стабилната игра на битолчани особено во последната четвртина беше клучна за победата. Иако гевгеличани се обидуваа да приредат драма, сепак гостите не го дозволија тоа, на момент имаат и двоцфрена позитива.
Малешевиќ со 21 поен и 7 скока беше прв стрелец, зад него беше Дејвис со 20 поени. Кај домаќинот 22 поени имаше Боувен.
Во плеј-аут лигата Ангели за првпат оваа сезона дојде до победа, откако по голем пресврт и одлична игра во последната четвртина го совлада Феникс со 85-84. Ангели во последните десет минути постигна 30 поени, а прими само осум.
Стефанов со 21 поен беше прв стрелец, херојот беше Стојаноски кој постигна тројка за 85-84 и практично ова беше крајниот резултат. Кај Феникс, Рахама имаше 16 поени.










