Иван Чупиќ, човекот кој со златни букви е запишан во историјата на Вардар 1961, вечерва успеа да го освои првиот пехар со овој тим како тренер.
Легендарниот хрватски ракометар и дел од генерацијата на „црвено-црните“ која освои две титули во Лигата на шампиони, бројни пехари во СЕХА-лига, како и домашниот шампионат, го предводеше Вардар во финалето против ГРК Охрид, неговиот тим победи со 23-24 и ја продолжи доминацијата.
Скопскиот состав дојде до 18. пехар во ова натпреварување, остварување кое останува недостижно за останатите клубови.










