Куп на Македонија: Ѓорче Петров ја продолжи доминацијата – го освои 19. пехар (ФОТО)

58

Ѓорче Петров ја продолжи доминацијата во Купот на Македонија кај дамите. „Лавиците“ дојдоа до 19. пехар во ова натпреварување, трет по ред, откако во финалето славеа против Спартак 30-33 (14-18), кој пак не успеа да приреди ново изненадување.

Ризоска, Гугуљанова и Исиќ имаа по седум гола кај победникот, на другата страна Зечевиќ имаше 12 гола, Николовска постигна десет погодоци од исто толку обиди.

Спартак беше рамноправен противник речиси едно полувреме, не им дозволуваше на ѓорчепетровки да бидат комотни на теренот. После 30. минути игра резултатот беше 14-18. Ѓорче Петров во 24. минута успеа да направи серија од 5-1 и да дојде до поволна позитива на одморот.

Ѓорче во продолжение фавортот фати ритам поведе со 16-22, ни Спартак храбро се бореше на нецели шест минути до крајот дојде на еден гол разлика (29-30). Исиќ го прекина налетот на противникот, но за кратко бидејќи неизвесноста продолжи. Спартак при 30-31 не ја искористи одбраната на Кицеска за да дојде до израмнување.Иако Ѓорче остана со две ракометарки помалку на терено на нецела минута, сепак противникот не го искористи тоа за големо славје во редовите на „лавиците“.

ПретходноСпецијалци на МВР ги евакуираа фудбалерите на Струга ТЛ од стадионот на Башкими! Со камења по автобусот на стружани!
СледноДон Флорентино до ѕвездата на Реал: “Најдобро е да одиш…!“