Мартин Алаѓозовски си поднесе оставка во Брера!

314

И официјално, и дефинитивно, Брера остана без тренер откако Мартин Алаѓозовски си поднесе оставка од местото шеф на стручниот штаб на струимичкиот прволигаш. По малку неочекувано, ако се знае дека со него тимот на Брера играше добро. Сепак оставката е поднесена по мечот со Силекс во петокот, а денеска по состанокот со директорот Зоран Балдовалиев е дефинирано.

Си одам од местото шеф на струката на Брера. Поднесов оставка, не сум веќе тренер на тимот. Се разбира дека им посакувам многу среќа и успеси во иднина и дека ќе останат во ПМФЛ, и дека ќе останат стабилен прволигаш“ изјави за “СпортСпорт“, Мартин Алаѓозовски.

ПретходноПолувреме на Арената: Работнички и Арсими играат без шанси, без голови…
СледноСупер вести за Лејкерс: Лука се враќа до крајот на април