Третата лига за нив е историја: 134 години чекаа за да стигнат до англиската Лига 1

449
фото: Bromley FC (X)

Англискиот тим Бромли обезбеди историски пласман во Лига 1, третото по ранг англиско фудбалско натпреварување, на две кола до крајот на сезоната.

Клубот кој е основан во 1892 година, за првпат се пласираше во натпреварување од Англиската фудбалска лига (Лига 2) во 2024 година, откако помина 132 години во долните дивизии. Сепак, тимот не застана тука: во својата втора сезона на професионално ниво, „гавраните“ направија уште еден чекор напред.

Финализацијата на промоцијата беше малку мачна. Бромли загуби од МК Донс и ремизираше со Кембриџ оваа недела, но друг резултат беше одлучувачки. Нотс Каунти загуби од Барнет во саботата, пропуштајќи ја шансата да ги стигне лидерите во Лига 2.

Бромли сега обезбеди место во зоната за директна промоција, седум бода предност во однос на четвртопласираниот Салфорд, на два натпревари до крајот.

ПретходноПо четвртипат: Реал Сосиедад го освои шпанскиот куп!
СледноЈокиќ со нов трип-дабл за победа на Денвер, Лејкерси почнаа победнички без Дончиќ и Ривс