Игор Стојчевски дел од УЕФА програмата за таленти и менторство 2026/27

53

Македонскиот судија Игор Стојчевски е избран да учествува во новото издание на „Програмата за таленти и менторство“ на УЕФА за сезоната 2026/2027, што претставува значајно признание за неговата досегашна работа и потенцијал.

Програмата официјално започна оваа недела во Нион, каде што најперспективните судии од Европа имаа прва средба со своите ментори, поранешни врвни интернационални судии кои ќе ги водат низ процесот на понатамошен развој.

Во ова издание учествуваат 14 судии (10 мажи и 4 жени) од 12 национални асоцијации, а меѓу нив е и Игор Стојчевски како претставник на Македонија. Негов ментор во рамки на програмата е легендарниот турски судија Џунејт Чакир, кој зад себе има богата интернационална кариера и бројни натпревари на највисоко ниво.

Станува збор за едногодишна програма која има за цел да ги унапреди најталентираните судии во Европа, преку директна соработка со искусни ментори. Тие ќе ги следат нивните настапи на домашната и меѓународната сцена, обезбедувајќи стручни насоки, анализа и поддршка. Учеството во оваа програма отвора можност за дополнителен напредок во судиската кариера, вклучително и потенцијална промоција во повисока категорија на УЕФА во наредните години.

Изборот на Игор Стојчевски е уште една потврда за континуираниот развој на македонското судење и вложувањата во квалитет и едукација на судискиот кадар од страна на Фудбалската федетрација на Македонија.

ПретходноФан зоната за ракометното дерби ќе биде на платото пред салата „Јане Сандански“
СледноНикола Митревски верен на Е.Пелистер