Монако победнички со Барса, ова се сите двојки во плеј-офот во Евролигата!

161
ФОТО:x.com/EuroLeague

Во малата сала „Гастон Медесан“ во Монте Карло, Монако ја победи Барселона со резултат 79:70.Ова значи дека Монако ќе игра против Олимпијакос, најдобриот тим во лигашкиот дел од натпреварувањето, во четвртфиналната серија од плејофот на Евролигата. Предноста на домашниот паркет, секако, ќе биде кај црвено-белите од Пиреја. Монако поведе во втората половина од првиот период, со поените на Дијало и Окоб стигна до +10.

Во втората четвртина беше +17, а во третата четвртина се чинеше дека сè е решено. Сепак, потоа Барселона почна да игра преку Токо Шенгелија во нискиот пост, но и Јан Весели од полудистанца и водството на домашниот тим одеднаш почна да се топи. Каталонците имаа напади за да стигнат до -4, но беа непрецизни. Во последниот период нападите на Барса беа одбиени од Окобо и Џејмс и на крајот немаше вистинска драма.

ДВОЈКИ ЗА 1/4 ФИНАЛЕТО ВО ПЛЕЈ-ОФОТ

Олимпијакос (1) – Монако (8)

Валенсија (2) – Панатинаикос (7)

Реал Мадрид (3) – Хапоел Тел Авив (5)

Фенербахче (4) – Жалгирис (5)

*Плејоф серијата ќе започне на 28 април, а евентуалните „мајсторки“ ќе се играат на 13 мај.

ПретходноМакедонските кадетки ќе играат против Бразил во 1/4 финалето!
СледноГасперини за заминувањето на Раниери: „Тој ја започна целата приказна, а не јас“!