Вечерва во Штип се прославува првата шампионска титула во некој екипен спорт. Од вечерва спортски Штип има свои нови херои, а тоа се одбојкарите на Штип УГД кои во третиот меч од финалната серија успеаја да го победат ОК Борец Велес со 3:0 во сетови за максимални 3:0 во серијата. По мечот одбојкарите на Штип УГД го добија и пехарот за да потоа следуваше фото за историја.
Јасно е дека ова е фото на денот.
Ова е прва титула на Штип УГД, со која ја одбележаа оваа историска сезона за нив со двојна круна ако се знае дека тие се и победници во Купот на Македонија.
Штип слави – ШАМПИОНИ, ШАМПИОНИ…едноставно најдобри.
Честтки за новиот шампион во македонската одбојка.










