Македонските кадетки ќе играат против Бразил во 1/4 финалето!

68

Македонската женска кадетска репрезентација во четвртфиналето на Светското училишно првенство во ракомет ќе игра против селекцијата на Бразил. Натпреварот се игра на (26.04.2026) во салата „Македонски херои“ во склоп на Средно Фискултурно Училиште во почеток во 10:30 часот.

Во четвртфиналето Македонија се пласира со максимални три победи, славеше против Бугарија, Грузија и Словачка.

Во групната фаза во женска конкуренција на Светското училишно првенство во ракомет се одиграа 48 натпревари. Максимален број на бодови (6) покрај Македонија, освоија Романија Хрватска и Турција.

Што се однесува до машката кадетска репрезентација на Македонија во недела (26.04.206) го игра последниот натпревар од групната фаза. Противник е селекција на Саудиска Арабија, мечот се игра со почеток во 12:30 часот во салата „Македонско Сонце“.

За потсетување, утрешниот дел е слободен, сите делегации се подготвуваат за „Вечер на Нации“, нстан кој ќе се одржи во хотел „Холидеј Ин”, со почеток во 19:00 часот.

Целта на овој настан е промоција на културните вредности на делегациите – учесници на Светското училишно првенство во ракомет, преку претставување на нивната традиција, обичаи и културен идентитет.

Светското училишно првенство во ракомет е прв голем настан што се одржува во Македонија, а истиот е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

ПретходноФото на денот: Штип слави – ШАМПИОНИ, ШАМПИОНИ…едноставно најдобри!
СледноМонако победнички со Барса, ова се сите двојки во плеј-офот во Евролигата!