Македонија ЃП – Работнички 1:0 е исходот од првото полувреме на денешниот меч во Ѓорче од 29.коло во ПМФЛ. Уште во 2.минута домашните поведоа со голот на Кабаркас кој убаво се снајде пред гостинскиот гол и со шут со глава ја затресе мрежата на Работнички.
Отворен фудбал од двете страни, со многу шанси како на едната така и на другата страна. “Лавовите“ преку Лазаревиќ и Софијановски гаѓаа стативи, а овој вториот имаше уште една шанса за 2:0.
Работнички имаше три големи шанси барем за израмнување, но ударите на Мухарем, Талаков и Манојлов немаа среќа.
Па така на пауза се замина со минимално водство на “лавовите“ во градската пресметка која е од екстремно значење за двете екипи во битката за опстанок.















