Дејвис куп репрезентативецот Јанев победник на турнирот во Скадар

29
фото: Македонски тенис Makedonski tennis (FB)

Младиот македонски тенисер и Дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев триумфираше на турнирот Ј30 во албанскиот град Скадар. Јанев ја оправда и улогата прв носител на турнирот и на убедлив начин без загубен сет стигна до победничкиот пехар.

Во финалето Јанев го совлада тенисерот Лука Лукавац од Црна Гора со 2-0 во сетови (63 и 64).

Јанев настапот во Скадар го заврши со два пехара, но во конкуренција на двојки заедно со Ерион Незири од Македонија го загубија финалето Вацлав Барина и Лука Лукавац со 2-1 во сетови (64 26 и 10:6 на поени).

ПретходноРеал Мадрид ја активираше клаузулата за откуп на Паз
СледноЛампард повторно на клупата на Челзи? Еве каков е неговиот одговор!