14:00 часот Македонија – Хрватска (женска конкуренција)
16:00 часот Македонија – Израел (машка конкуренција)
Влезот во салата „Јане Сандански” е слободен за сите кои сакаат да ги поддржат двете репрезентации на Македонија.
„Во име на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, ја повикуваме македонската јавност да дојде и да ги поддржи нашите кадетки и кадети, кои во изминатите денови, и на теренот и надвор од него, достоинствено ја претставија нашата земја во најдобро светло.
За нас, како Федерација, тие веќе се шампиони. Им благодариме за одличните натпревари и фер-плеј играта.
Воедно, сакаме да им се заблагодариме на сите кои во изминатите денови од лице место ги бодреа нашите надежи“, се вели во известувањето на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.










