Денеска е посебен ден – имаме двојна причина за радост. Македонската кадетска репрезентација обезбеди пласман во финалето на Светското училишно првенство во ракомет, а нашата голманка Марија Дуноска го доби најубавиот роденденски подарок – победа за паметење, прославена заедно со македонската делегација.
„На Марија ѝ посакуваме среќен роденден и уште многу успеси во иднина, како на теренот, така и надвор од него“, порачаа од Федерацијата на училишен спорт на Македонија.









