Центарот за Едукација на тренери започна со обука на нова, 18. генерација кандидати за УЕФА А лиценца

83

Центарот за Едукација на тренери на ФФМ во Дојран  започна со обука и предавање на нова генерација кандидати за УЕФА А лиценца.

Наставата се одвиваше во 3 Модули. Првиот се однесуваше на теорија која ја презентираа директорот на Центарот за Едукација Борче Христов, професор Жикица Тасевски, професор Вујица Живковиќ и селекторот на Македонската младинска  репрезентација Горан Станиќ.

Во делот на судиските правила свое излагање имаше Горан Спиркоски, а во делот наменет за превентива и справување со спортски повреди д-р Михајло Ивановски.

Во поголемиот дел од обуката кандидатите имаа можност да соработуваат со гостинот од Србија, Милош Милоевиќ, еминентен тренер на преку 20 европски екипи (Црвена Звезда, Малме, Хамарби, Ландскрона, Ал Аин, Викингур, Бран, Бреидаблик, Ал Васл, Шарјах и Мјалби).

Со него кандидатите разгледуваа различни видови на систем на игра, периодизација, офанзивна и дефанзивна транзиција.

Модулот беше исполнет со повеќе нови содржини согласно новата УЕФА конвенција за тренери. Со Горан Станиќ се работеше на анализа на сопствена и на противничка екипа и секако, практичен дел на терен.

Вкупниот фонд на часови е 180 по 60 часови на Модул. Меѓу посетителите се поранешните репрезентативци Стевица Ристиќ, Владе Лазаревски, Ферхан Хасани, Илија Несторовски, Стефан Спировски.

ПретходноСтруга ТЛ со рутински триумф над Силекс (ВИДЕО)
СледноПоследен повик: Пријавувањето за HalkEco Skopje Run 10К завршува на 29 април