ПМФЛ: Вардар му гостува на Башкими во Гостивар!

258

До крајот на тековната сезона 2025/26 остануваат уште четири кола, а во битката за титулата сега Вардар има пол – позиција. Имено лидерот сега има предност од +4 бода во однос на Шкендија, а по следното, 30.коло некои работи можат да бидат појасни. Имено тетовци гостуваат во Кратово кај Силекс, додека четата на стратегот Гоце Седлоски му гостува бна Башкими, но не во Куманово туку во Гостивар. Ова доаѓа поради фактот дека стадионот на Башкими по инцидентот по мечот со Струга ТЛ е под суспензија, па кумановци мораа да бараат алтернативен стадио за следните четири меча како домаќини.

Инаку мечевите од 30.коло се играат од петок во недела, а еве го распоредот, се разбира ако во меѓувреме не дојде до некои промени од објективни причини:

ПЕТОК (01.05.2026) 16 Ч

Кратово: Силекс – Шкендија

Скопје (Ѓ.Петров): Шкупи – Македонија ЃП

САБОТА: (02.05.2026) 16 Ч

Скопје: Работнички – Пелистер

Гостивар: Башкими – Вардар

НЕДЕЛА: (03.05.2026) 16 Ч

Струга: Струга ТЛ – Брера

Кавадарци: Тиквеш – Арсими

ПретходноПатот до финалето за кадетите беше трнлив: Никој не знае дека шест-седум играчи имаа вирус, не можеа од кревет да станат!
СледноКомпани: ПСЖ е европски првак, ама ако некој може да го победи, тоа е Баерн!