ТФТ не се избори за мајсторка, но има уште една шанса за јадранската елита

296

ТФТ по голема драма не успеа да обезбеди мајсторка во финалето во АБА2-лига, на домашен терен беше совладан од Широки со 86-87. Македонскиот тим има нова шанса да се бори за место во АБА1, против Борац Чачак, кој е претпоследен во јадранската елита.

Во салата „Лазар Лечиќ“ победникот беше решен во самиот финиш. ТФТ има да жали особено поради двоцифрената позитива која ја имаше во првото полувреме, но и бројните шанси.

Првите пет минути од мечот минаа во изедначена игра, по што ТФТ пред истекот на овој период поведе со 23-26 и 25-18. Втората четвртина во целосна доминација на македонскиот тим кој водеше со 36-25 и 41-30. На одморот резултатот беше 43-35.

Широки на крилата на Трајс, кој погоди две тројки по ред, намали на 46-45. ТФТ предводен од Ташовски врати со серија од 10-2 за 56-47. Неизвесноста која беше очекувана продолжи, гостите на стартот на последната четвртина израмнија на 61-61. Нашиот тим со 5-0 зголеми на 66-61. Нешто подоцна следеа осум поени (две тројки) на Шриоки за враќање на водството после долго време 69-73. Но, ТФТ не се откажа врати за 74-73. Беше вистинска резултатска нишалка, гостите во последните две минути имаа предност од 78-82.

Драмата беше неизбежна, Вујановиќ постигна тројка за 80-85. Нешто подоцна при 82-85 беше досудена неспортска лична за гостите. Ташовски и Говенс донесоа минимални 86-85. Останаа седум секунди до крајот, Трајс го успеа да врати на 86-87, Гордон на другата страна не успеа да погоди за победа за голема радост во редовите на Широки, кој е победник на годинешното издание на АБА2-лига.

Говенс беше стрелец на 23 поени, додека Ташовски на 18.

Претходно“Кварацкелија е најдобриот играч во светот!“
СледноСалах, сепак, не го одиграл последниот натпревар за Ливерпул