Делегацијата на ФФМ учествува на 76. Конгрес на ФИФА во Ванкувер

76

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, заедно со генералниот секретар, Леонид Јандреоски и Горан Пандев, учествува на 76. Конгрес на ФИФА во Ванкувер. На конгресот нашата делегација ќе учествува активно во носењето одлуки кои директно влијаат врз иднината на светскиот фудбал.

Во фокусот се финансиската стабилност и развојните политики, усвојување на извештаите за минатата година, дефинирање на буџетите за циклусот 2027-2030, како и клучни прашања за управувањето и интегритетот на фудбалот.

„Нашето присуство значи активно учество во креирањето на иднината на фудбалот и зајакнување на соработката на меѓународно ниво“, напиша Омерагиќ на социјалните мрежи.

ПретходноРаботнички ја доби драмата со Наковски Волеј и израмни на 1:1 во финалето на плеј-офот
СледноПролет и Пелистер 2 до нови победи во плеј-аутот