Работнички ја доби драмата со Наковски Волеј и израмни на 1:1 во финалето на плеј-офот

38
фото: ОК Наковски волеј (FB)

Во вистинска одбојкарска драма, одбојкарките на Работнички успеаја да ја извојуваат првата победа во финалната серија на домашниот плеј-оф. Во малата сала на СЦ Борис Трајковски, попладнево избраничките на тренерот Душко Деспотовски славеа против големиот ривал Наковски Волеј со 3:1 (25:21, 14:25, 26:24, 25:23) и се реваншираа за првиот пораз во Струмица.

Работнички успеа да гхо добие воведниот сет на мечот, додека гостинките издоминира аво вториот во кој на Работнички му препуштија само 14 поени. Следуваше вистинска битка до последен поен во третиот сет, каде во финишот подобре се снајдоа домашните и со поенот на Милевска дојдоа до сет-победа на разлика 26:24 за предност од 2:1.

Во последниот сет гостинките имаа комплетна контрола. Имаа предност од неколку поени до самата завршница, по што следуваше фантастична серија од 5:0 на Работнички и нова егал-драма. Гостинскиот тренер беше незадоволен од неколку судиски одлуки, што го нарушија ритамот на неговата екипа, а Работнички тоа го искористи за комплетен пресврт и освојување на четвртиот сет со 25:23 за победа.

Серијата до три победи во ова финале продолжува на теренот на Наковски Волеј.

ПретходноБосанците го поместија стартот на пријателскиот меч со Македонија
СледноДелегацијата на ФФМ учествува на 76. Конгрес на ФИФА во Ванкувер