Поради настапот на екипата на ГРК Охрид во реванш полуфиналето од ЕХФ Европскиот куп, големото дерби меѓу Алкалоид и ГРК Охрид ќе се одигра на почетокот на следната недела.
Како што објавија од РК Алкалоид дербито во Автокоманда е закажано за 5 мај (вторник) со почеток од 18:00 часот. Охриѓани во меѓувреме овој викенд против Целје ќе се борат за финале во европскиот куп.










