Агим Ибраими со двојна улога во Партизани, од денеска е и во стручниот штаб на тимот!

151
ФОТО:facebook.com/partizaniclub?locale=sq_AL

Од денеска Агим Ибраими, некогашен репрезентативец на Македонија, кој е и член на УО на ФФМ, во Партизани Тирана ќе има двојна улога во овој албански клуб. Имено познато е дека Ибраими пред неколку месеци беше назначен за спортски директор на Партизани, а откако денеска клубот се раздели со тренерот Олтијон Кернаја, Ибраими е кооптиран и во стручниот штаб на Партизани Тирана. Вака ќе биде до крајот на сезоната.

Ова е уште еден предизвик за Агим Ибрами во неговата кариера, за првпат ќе се испроба и како тренер. Исто така ова е уште еден доказ колку е тој респектиран како личност во фудбалска Албанија и на овие простори.

ПретходноЧеферин потпиша меморандум со КАФ
СледноСекоја чест: Еве како Кварадона со парите од првата плата му го спасил животот на својот татко!