Вардар го мина и Башкими, уште три пречки до шампионската титула (ВИДЕО)

349

Лидерот на прволигашката конкуренција, тимот на Вардар, денеска во рамките од 30. коло, успеа на гостински терен во Гостивар, да го совлада тимот на Башкими со конечни 0:2. На  тој начин, избраниците на тренерот Гоце Седлоски, минаа уште една пречка која што ги делеше до конечната цел, а тоа е освојување на шампионската титула.

 

Денешниот дуел, мина во доминација на Вардар кој што многу брзо откако беше означен старт на мечот, имаше водство.

Веќе во осмата минута, Цветковиќ од лево центрираше на подалечниот дирек, а таму осамен Горан Закариќ со глава реализира за 0:1.

Само неколку минути подоцна, повторно Закариќ „распали“ од далечина но Јашар убаво интервенира. Омерагиќ имаше добра ситуација, но шутираше покрај голот за да во финишот на првиот дел повторно се тресе домашната мрежа.

Бобан Николов на една повратна топка добро реагираше и шутираше, а Пановски во обид да спаси блокираше но само за да го измами Јашар и топката да влезе во празната мрежа.

Во вториот дел, Вардар задоволен од двојното водство дозволи Башкими и нешто да одигра во поле, за да се има простор за контра напади. Ор се обиде но покрај голот, како и Рибеиро во 64. минута кој пак шутираше над Талески во гол аут.

Уште неколку полу обиди на домаќинот, кој немаа ефект, а на другата страна со удари се истакнаа Цветковиќ и Спахиу.

Вардар сега има 74. бодови, шест повеќе од второпласираната Шкендија.

 

ПретходноХаjденхаjм со реми против шампионот среде Минхен
СледноВМФЛ: Златна победа на Брегалница, Скопје подобар од Охрид, Шкендија (А) го декласира Вардар (Н)