ТИМ И ИГРАЧ НА 30.КОЛО: Закариќ е “моторот“ на Вардар

55

Голема, голема победа, екстра значајна во битката за титулата екипата на Вардар извојува ова 30.коло на гостувањето кај Башкими во Гостивар. Тие 0:2, веројатно значат титула, а на тој меч блескаше Горан Зкариќ во дресот на Вардар и тоа не само првиот гол. Закариќ и на овој меч и тоа како покажа квалитет, покажа дека е “мотор“ на тимот на стратегот Гоце Седлоски. Токму затоа според „СпортСпорт“ Закариќ е играч на колото. Покрај него од Вардар во идеалниот тим на 30.коло се и Николов и Велковски, а тука се и Диковски, Велкоски и Петровиќ (Брера), потоа Ѓ.Џеков и Мишов (Силекс), Гони (Арсими), Николиќ (МЃП) и Мирко Ивановски (Пелистер).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ГОРАН ЗАКАРИЌ

Тим: Вардар

Роден: 07.11.1992 во Босанска Градишка (БиХ)

Кариера: Козара, Широки, Динамо Загреб, НК Локомотива, Зрињски, Славен Белупо, Железничар, Партизан, Универзитатеа, Борац Бања Лука, Оход, Задар, Еоликос, Вардар

ПретходноНов удар за „сините“: Челзи поразен дома, остана без место во ЛШ
СледноВан Дајк: Ова што го играме е неприфатливо за Ливерпул