Порто го купи Кивиор од Арсенал за 17 милиони евра

92
фото: FC Porto (X)

Порто официјално го објави потпишувањето на дефанзивецот Јакуб Кивиор од англискиот клуб Арсенал за 17 милиони евра. Дополнителни 5 милиони евра се вклучени во бонусите од договорот. Португалскиот клуб, исто така, ќе префрли 2 милиони евра во касата на „топчиите“ доколку играчот биде препродаден.

Договорот на играчот со Порто е со важност до 2030 година. Договорот вклучува откупна клаузула од 70 милиони евра.

Оваа сезона, 26-годишниот Кивиор одигра 24 натпревари во португалското првенство, при што имаше една асистенција. Тој исто така има осум натпревари и една асистенција во Лигата на Европа.

ПретходноБарди го замолкна Истанбул и го однесе Коњаспор во финалето на турскиот куп (ВИДЕО)
СледноЧудото блиску, а сепак далеку: Вардар победнички се одјави од европската сцена, Монпеље оди на Ф4 (ФОТО)