Херера: Титулите со Борац многу ми значат, одиме пак да направиме „бум“ во Европа

56

Огнен Чак Дојчиновски

Новопечениот македонски фудбалски репрезентативец, колумбиецот со македонски пасош, Себастијан Херера годинава со својот Борац Бања Лука повторно е шампион на Босна.

Левиот бек веќе се одомаќини во Бања Лука, каде што во Борац пронајде вистинска фудбалска средина во која го дава максимумот.

Титулите се редат втора по ред на контото на Херара, кој што во тимот има друштво во голманот на нашиот национален тим Дамјан Шишковски.

„Секако дека се чувствувам убаво. Борац е прав, вистински пример за клуб. Веќе извесно време сум тука и можам да кажам дека имам само пофални зборови. Ова ми е втора титула со клубот, не велам дека е леснон да се подигне пехарот во домашниот шампионат на Босна. Нормално е да имаме сериозна конкуренција, на тој начин и ние како клуб и индивидуално како играчи напредуваме. Минатата година имавме одлични настапи во Европа, планираме и годинава со сета сила да нападнеме надвор од границите на Босна. Се надеваме повторно на успех. Имаме квалитетен тим, веруваме во нашиот капацитет, потенцијал, талент. Навистина уживам во престојот во Бања ЛУка“ – вели Херера за Спортспорт.

Тој е еден од оние кој што ќе ја предводат новата генерација на репрезентативци на Македонија, која што пак ќе го понесе товарот во следниот период. Не очекуваат настапи во Лигата на Нациите наесен, а претходно Македонија следниот месец, ќе одигра два пријателски мечеви. Токму против Босна и Турција на гости.

 

ПретходноЛШ – 1/2 финале: Нов дуел меѓу Баерн и ПСЖ! Можат ли да го повторат епскиот меч од „Паркот на Принцовите“?!
СледноВардар е шампион на Македонија во кадетска конкуренција